Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Синдикалната минимална кошница во јуни достигна над 64.000 денари

Market 3.webp.webp
300x250 opst2

Минималните трошоци за едно четиричлено семејство во јуни забележаа зголемување од 790 денари во споредба со мај, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според овие податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 64.698 денари, додека со вклучен изнајмен стан од 60 метри квадратни, трошоците се искачуваат на 80.073 денари.


Зголемување од 733 денари е забележано и кај трошоците за храна и пијалоци во однос на мај. Пресметките на ССМ покажуваат дека за храна и пијалоци во јуни едно семејство било потребно да издвои 23.167 денари.

Имајќи ги предвид овие податоци, јасно е дека откако завршија активните владини мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница во период од два месеци се зголеми за 2.007 денари, додека трошоците за храна и пијалоци во истиот период пораснаа за 1.678 денари“, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Можете да прочитате

Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027

Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто

Направени првите трансакции преку СЕПА, за гувернерот ова е историски ден за државата