Утрински Весник
Свет

Син го убил татка си, го распарчил телото, па го пријавил како исчезнат – Хорор во Унгарија

Grcija policija 1.jpg

Полициската истрага открила дека 62-годишниот маж бил убиен од неговиот 41-годишен син, кој по злосторството во полиција го пријавил исчезнувањето на неговиот татко.

Грозоморно злосторство ја потресе Будимпешта – полициската истрага откри дека 62-годишен маж бил убиен од неговиот син, кој потоа се обидел да го прикрие убиството и да го прикаже како исчезнување. Истрагата неодамна заврши, а документацијата со предлог за обвинение е проследена до обвинителството.


Сè започнало на 27 февруари 2024 година, кога синот (41) пријавил дека татко му исчезнал од 18-тиот кварт на Будимпешта, наведувајќи дека никој не го видел или слушнал со недели.

Меѓутоа, како што напредуваше истрагата, околностите на исчезнувањето станаа сè посомнителни за полицијата. На 2 април, полициската управа во Будимпешта отвори истрага за убиство.

Четири дена подоцна, синот кој го пријавил за исчезнат е приведен поради сомнение за убиство. Набрзо била приведена и неговата тогашна 49-годишна сопруга, под сомнение дека во делото учествувала како соучесник.

Понатамошната истрага покажа дека парот бил во тешка финансиска состојба и дека убиството го планирале заедно за да го преземат имотот на убиениот. Убиството е извршено на 30 јануари 2024 година во куќата на жртвата. Синот го убил татко си, го распарчил телото и ги извадил доказите, додека сопругата му помогнала да го исчисти станот по злосторството.

По убиството, сопружниците се вселиле во домот на жртвата и почнале да продаваат накит, уметнички дела и други вредни предмети. Во продажбата им помогнал 28-годишниот син на жената од претходната врска, кој бил запознаен со делото. Полицијата го испрашала поради основано сомнение за перење пари, како и уште едно лице кое купувало вредности пониски од пазарната цена.

Полицијата во Будимпешта ја заврши истрагата за убиство со умисла, како и за поврзани кривични дела. Предметот е предаден на обвинителството.

Телото на жртвата се уште не е пронајдено.

Можете да прочитате

Денешниот ден (вторник 15 април) беше многу мачен и спарен!

Земјотрес повторно ја стресе Турција

Координирани напади врз повеќе затвори во Франција