Утрински Весник
Свет

Симонс: Бајден треба да се повлече за Харис да стане првата жена претседател на САД

20241111115938 Big 730x400 30.webp.webp

Поранешниот директор за комуникации на американската потпретседателката Камала Харис, Џамал Симонс изјави дека претседателот Џо Бајден треба да и ја отстапи функцијата на Харис, со што таа ќе стане прва жена претседателка на САД.

– Џозеф Бајден беше феноменален претседател, тој исполни многу од ветувањата што ги даде.

Остана уште едно ветување што би можел да го исполни – да биде преодна фигура, истакна Симонс на панел на Си-ен-ен (CCN).

Тој додаде дека Бајден во следните 30 дена може да поднесе оставка од функцијата претседател и да ја постави Харис за претседателка на САД.

– Тоа прашање е под контрола на Џо Бајден. Ако го направи тоа, ќе го исполни своето последно ветување и ќе и даде шанса на Камала Харис да биде 47. претседател на САД, посочи Симонс.

Неговите коментари уследија откако коментатор на Си-ен-ен предложи судијката Соња Сотомајор да се повлече за Бајден да ја замени со Харис пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме