Документацијата за донесениот ДУП СЗ 16, јасно покажува дека градоначалникот Стојкоски го бетонизира Ѓорче на криминален и шверцерски начин, вели Горан Симоноски од иницијативата Наше Ѓорче.
„Иако предлог ДУПОТ изложен на 4тата јавна анкета, претрпува промени во катност, си додавале катови! Вака изменетитот ДУП не го ставиле на увид на граѓаните, што е спротивно на законот за урбанистичко планирање, според кој за секоја суштинска промена треба да се одржи повторна јавна анкета. Замислете, на барање на инвеститорот БИСОИЛ од с. Глумово, се додаваат 5 нови ката на градежната парцела 03.10 со што се формираат 21катница и 18катница, меѓутоа истото за
Стојкоски и комисијата не претставувало суштинска промена.
Дополнително, ваквото постапување е спротивно на барањето на Град Скопје за намалување на катовите токму на оваа градежна парцела (03.10). Градоначалнику Стојкоски, нема да дозволиме да го бетонизирате Ѓорче за лични интереси и со договори во четири очи“ вели Симоноски