Утрински Весник
Спорт

Симона Халеп падна на допинг-тест!

Симона Халеп падна на допинг-тест!

Поранешната гренд слем шампионка, Романката Симона Халеп е суспендирана поради позитивен допинг-тест, потврди Интернационалната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА), која посочи дека 31-годишната Романка имала А и Б позитивен примерок на ФГ-4529 (Роксадустат), средство кое е на листата на забранети супстанции од 2022 година.

dobivaj vesti na viber

„Тенисерката побара да се анализира и Б-примерокот, кој го потврди позитивниот тест. Додека е условно суспендирана, таа не смее да се натпреварува на ниту еден турнир“, велат од ИТИА.

Поранешната светска тенисерка број 1 на Инстаграм призна дека ова е „најголемиот шок“ во нејзиниот живот.

„Во текот на целатаа моја кариера, ниту еднаш не сум помислила на мамење, бидејќи тоа е во целосна спротивност од моето образование. Во ваква нефер ситуација се чувствувам целосно збунета и предадена. Ќе се борам до крај да докажам дека не сум земала свесно ниту една забранета супстанца и верувам дека наскоро ќе излезе вистината на виделина. Се работи за честаа, за љубовата кон спортот, која ја одржувам 25 години“, вели Халеп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simona Halep (@simonahalep)

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко