Кристијано Роналдо цело лето бараше клуб со цел да игра во Лигата на шампионите. Португалецот го поврзуваа со мнкгу клубови, меѓу кои беше и Атлетико Мадрид. На крајот тој остана во Манчестер јунајед.
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне во интервју за „Тиго Спорт“ зборуваше за гласините за доаѓањето на Роналдо.
„Една птичка ми кажа дека сум во искушение да го донесам Роналдо, а другата ми рече дека разговорите почнале“, му рекол аргентинскиот новинар Мартин Либерман на Симеоне.
Најуспешниот тренер во историјата на Атлетико имал подготвен одговор.
„Птичките што ти го кажале тоа не ја знаат вистината. Луѓето зборуваат што сакаат, а не зборуваат за она што се случува. Роналдо е легенда на Реал Мадрид. Не забележав дека Мартин Палермо играл во Ривер Плата или Хуан Роман Рикелме или Мартин Ортега во Бока јуниорс Ситуацијата е сосема јасна“.
Симеоне, според тоа, смета дека доаѓањето на Роналдо во Атлетико не е можно. Од друга страна, свесен е за неговиот квалитет.
„Се случува она што му го кажав на Луис Суарез. Му кажав дека ќе продолжи да постигнува голови, тоа му е вродено. Воопшто не се сомневам дека Роналдо повторно ќе почне да постигнува голови, невозможно е да се повлече кога е толку психички силен. како што бил отсекогаш. Тој ќе покаже за каков напаѓач станува збор“, смета Симеоне.