Утрински Весник
Македонија

Силувана малолетничка во Гостивар, силувачот ја пресретнал со џип, ја нападнал и ја снимал жртвата

D216967e 67d3 4bf1 89cf 3810448fe329.jpeg

Од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар од слобода бил лишен Т.Б.(29) од с. Здуње.

По претходна пријава на 24.04.2026 година од страна на 42 годишен жител од Гостивар, кој пријавил дека пред неколку месеци на подрачје на Гостивар, непознато машко лице со возило „фолксваген џип” црна боја, ја пресретнал неговата малолетна ќерка и со употреба на физичка сила извршил силување врз неа, упатувајќи и закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство.


Исто така на 22.04.2026 година на социјални мрежи биле објавени експлицитни фотографии и видеа на ќерката на пријавителот. По преземени мерки лицето е пронајдено, извршен е претрес во неговиот дом како и уште еден дом на подрачје на с. Равен каде приведеното лице престојувало при што се одземени лаптоп, мобилен телефон, УСБ стик и други предмети. Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Тинејџерка од БиХ џепарела низ Охрид

Породилниот надомест повторно доцни, алармира Левица

Кривична пријава за екс градоначалникот на Дојран