Утрински Весник
Балкан

Силен земјотрес ја стресе Грција утринава

Zemjotres 1.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на туристичкиот остров Крит, соопшти во неделата Институтот за геодинамика во Атина.

Земјотресот се случил во 7:02 часот по локално време во близина на пристанишниот град Палајохора, а неговиот епицентар бил на 18 километри под морското дно. На овој поголем земјотрес му претходеа многу помали во регионот. Грчката агенција за цивилна одбрана немаше информации за жртви или оштетени згради, а не беше издадено ниту предупредување за цунами.

„Го набљудуваме феноменот и сè уште не можеме да кажеме дали ова е главниот земјотрес“, изјави сеизмологот Герасимос Чулијарас за грчкото јавно радио ЕРТ

Многу луѓе се разбудиле од земјотресот. Се почувствува во големи делови на Крит, објави телевизијата.

Африканската и европската плоча се спојуваат под морското дно јужно од Крит, предизвикувајќи силни земјотреси.

Можете да прочитате

Речиси половината од албанската популација или над 2,2 милиона живее во странство

Навреди и тепачка во турскиот Парламент на расправата за буџетот

Косово официјално доби противтенковско оружје од Германија