Утрински Весник
Македонија

Силјановска-Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

Picture 131 660x462 1.jpg

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје.

– Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос.

Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа.

Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна – навистина воскресе“.

Можете да прочитате

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Ставот за прегласувањетo ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од Фронтот, но ние ќе ги обелодениме сите детали од тајните договори