Утрински Весник
Свет

Сигна инспекцискиот наод: Утврдено е тоа што сите го знаеле – дека момчето-убиец не било малтретирано од соучениците

Сигна инспекцискиот наод: Утврдено е тоа што сите го знаеле – дека момчето-убиец не било малтретирано од соучениците
Ss2

По извршениот увид во ОУ „Владислав Рибникар“ било констатирано дека во ова училиште немало врснички насилство врз Коста К., кој изврши масовно убиство и рани пет лица, меѓу кои и наставничката по историја.

dobivaj vesti na viber

Мина Зиројевиќ, член на Советот на родители во ОУ „Владислав Рибникар“ вели дека не е изненадена од наодите од инспекцискиот надзор и дека тоа веќе било познато.

Ss1

– Го знаев тоа и го кажав веднаш, на првиот ден. Наодот на инспекцијата дека момчето не било изложено на насилство не ме изненади, но благодарна сум што брзо се изготви. Во меѓувреме, децата од 3 мај кога се случи трагедијата беа под стигмата дека всушност сите тие се криминалци и главни виновници за тоа што се случи, а не беа. Сите ние што сме на училиште го знаеме тоа, знаеме што се случува таму и какви деца се тие – рече таа.

Да потсетиме, на 3 мај во училиштето со пиштолот на неговиот татко влегол Коста К. Кобниот ден пукал во правец на училишниот чувар Драган Влаховиќ, а потоа убил девет негови другари. Тешко рани уште пет ученици и наставник по историја.

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема