Утрински Весник
Македонија

Сидерис: Прекршувањето на Договорот од Преспа ќе создаде проблеми за европскиот пат на Северна Македонија

138854711 10157814520705658 8052945568442869668 N 750x375 1.jpg

Прекршувањето на секој меѓународен договор е кршење на меѓународното право, што природно создава проблеми и во билатералните односи и во меѓународната заедница. Во такво нестабилно опкружување, со две војни кои се водат, една во северна Европа и една на Блискиот Исток, не е мудро политичките лидери повторно да ги отвораат прашањата што се решени само поради ситни политички цели“, вели во изјава за „Фронтлајн“, Спирос Сидерис – грчки новинар и политички аналитичар, зборувајќи за (не)почитувањето и „спротивставувањето“ на Договорот од Преспа во Скопје.

– Балканот, најсиромашниот регион во Европа, веќе има сериозни проблеми и со тензиите меѓу Србија и Косово и со ситуацијата во Босна и Херцеговина. Нова точка на тензија само би предизвикала поголема несигурност и страв кај граѓаните. Граѓаните се уште не ги надминале последиците и од пандемијата на Ковид-19 и од војната во Украина. Поради оваа причина, лидерите на земјите треба да се фокусираат на граѓанинот, а не на минатите и спорните тврдења. Прекршувањето на Договорот од Преспа ќе создаде значителни проблеми, повеќе за прашања од секојдневниот живот на граѓаните и европскиот пат на Северна Македонија, наместо тензија меѓу Атина и Скопје, изјави Сидерис за „Фронтлајн“.

Нашиот соговорник верува и се надева дека ќе надвладее логиката и реализмот.

– Договорот од Преспа не може да се укине, ниту да се менува. Секој што нема да го прифати ова може само да им направи проблеми на политичарите и граѓаните кои им ја положија својата доверба, нагласи тој.

Поранешните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас во заедничката колумна за „Еуроактив“ ја повикуваат Европската Унија и меѓународната заедница јасно да стават до знаење оти почитувањето на Преспанскиот договор е единствениот пат на земјава до пристапниот процес во ЕУ, претпристапната поддршка и економската мобилизација.

Кршењето на договорот од Преспа, пишуваат Заев и Ципрас, дополнително ќе го дестабилизира регионот и ќе доведе до егзистенцијален предизвик не само за европската иднина на земјава, туку и за нејзината иднина како целина.

– Во исто време, доколку Договорот се почитува целосно, ЕУ мора да биде подготвена да го остави зад себе секој ‘пристап како вообичаено’ што го видовме во изминатите шест години и да усвои проактивен, постепен пристап кон проширувањето, по сугестија на многу европски претставници и експерти. На сите земји во регионот мора да им биде јасно на дека мирното решавање на споровите има придобивки за народите на Балканот и нивните раководства. Дека жртвите се наградуваат, а не се цинично игнорирани, пишуваат Заев и Ципрас во заедничката колумна.

Порачуваат дека во време кога екстремната десница добива сила, демократските, умерените, а особено прогресивните лидери мора да работат заедно и да ги засилат напорите во спротиставување на национализмот.

Извор: Фронтлајн

Можете да прочитате

Почината жена пронајдена во коритото од селската чешма во Копаница

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези,…

53-годишник не застанал на знак за запирање и со возилото удрил полицаец