Утрински Весник
Свет

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

20241124192519 Big 730x400 93.webp.webp

Партнерите на Украина треба да одговорат на руската уцена со обезбедување на Киев со системи за противвоздушна одбрана, кои можат да пресретнат балистички ракети со среден дострел како Орешник, објави шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха на социјалната мрежа Икс.

– Употребата на балистичка ракета со среден дострел од страна на Русија е типична уцена. Путин се обидува да ги исплаши сите за да не ја поддржуваат Украина, наведе Сибиха.

Тој ги повика сојузниците на Украина да ги отфрлат таквите закани, да ја зголемат поддршката и да ги зајакнат капацитетите за противвоздушна одбрана на земјата обезбедувајќи и системи кои можат да пресретнат такви ракети.

Руските сили на 21 ноември истрелаа интерконтинентална балистичка ракета со среден дострел Орешник врз Дњепар, како одговор на наводната употреба на Украина на американски и британски ракети со долг дострел.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија