Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Сијрото: Унгарија е за мир во Украина и покрај сите осуди

Сијрото: Унгарија е за мир во Украина и покрај сите осуди
300x250 opst2

Како сосед на Украина, Унгарија се залага за најрано можно мирно решение и ќе продолжи да работи во таа насока и покрај сите осуди и напади.

dobivaj vesti na viber

Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Сијарто во Советот за безбедност на Обединетите нации рече дека Унгарците веќе платиле висока цена за војната во Украина, иако тие не се одговорни.

„Беше збунувачки зошто аргументите за мир на Унгарија не беа став на мнозинството“, рече тој, пренесе МТИ.

Зборувајќи по својот украински колега, Сијарто рече дека условите за првичните разговори насочени кон дипломатско решение се влошуваат од ден на ден и предупреди дека „колку подолго трае војната и колку повеќе оружје добива Украина, толку повеќе луѓето ќе страдаат и размерите на уништувањето ќе бидат поголеми“.

„Сакаме меѓународната заедница да испрати повеќе пораки за мир отколку оружје“, нагласи Сијарто.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори