Утрински Весник
Свет

Си: Кина и Русија мораат да одржат пријателство во тешката глобална ситуација

20240704081930 Big 730x400 12.webp.webp

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика Кина и Русија да продолжат со усогласување на развојните стратегии и меѓународната стратешка координација и да останат посветени на пријателските односи во тешка ситуација во светот.

На состанокот со рускиот претседател Владимир Путин пред 24-от состанок на Советот на шефови на држави на Шангајската организација за соработка (ШСО) во Астана, Си истакна дека Путин остварил успешна државна посета на Кина во мај, велејќи дека двете страни работат заедно за плановите и аранжманите за идниот развој на билатералните односи.

– Соочени со меѓународната ситуација оптоварена со турбуленции и промени, двете земји треба да продолжат да го поддржуваат стремежот за трајно пријателство и да се држат до својата решеност му бидат од корист на народот – рече Си.

Тој повика Кина и Русија континуирано да ја чуваат уникатната вредност во односите и да ја истражуваат „внатрешната движечка сила на билатералната соработка“, како и да ги заштитат легитимните права и интереси, како и основните норми на меѓународните односи, пренесува Синхуа.

– Кина ја поддржува Русија во исполнувањето на нејзините обврски како претседавач со БРИКС, обединување на глобалниот југ, спречување нова студена војна и спротивставување на нелегалните еднострани санкции и хегемонија. Кина и Русија треба да продолжат да ја зајакнуваат сеопфатната стратешка координација, да се спротивстават на надворешното мешање и заеднички да го чуваат регионалниот мир и стабилност – рече кинескиот претседател.

Путин оцени дека руско-кинеските односи во моментов се на највисоко ниво во историјата, „на еднаква основа и за взаемна корист“, и оти руско-кинеската интеракција е „еден од главните фактори за стабилизација на меѓународната сцена“.

Путин додаде дека Русија ја поддржува Кина во заштитата на нејзините суштински интереси и легитимни права и се спротивставува на надворешното мешање во внатрешните работи на земјата, особено во Јужното Кинеско Море.

Двајцата шефови на држави размениле мислења и за меѓународни и регионални прашања од заеднички интерес.

Си посочи дека Кина „секогаш стои на вистинската страна на историјата, се придржува кон промовирањето на мировните преговори и е подготвена да продолжи да прави позитивни напори за политичко решение на украинската криза и другите регионални жаришта“.

Можете да прочитате

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја

Шпанија воведува платено климатско отсуство