Утрински Весник
Свет

Си Џинпинг: Никој не може да го запре обединувањето на Кина со Тајван

20240327125324 Big 730x400 22.webp.webp
Dik 300x250 mk

Претседателот на Кина Си Џинпинг изјави дека никој не може да го спречи обединувањето на Кина со Тајван.

– Луѓето од двете страни на Тајванскиот теснец се една фамилија. Никој не може да ги прекине нашите семејни врски, ниту да го запре историскиот тренд на национално обединување, изјави Си во новогодишниот говор, пренесен од државната телевизија CCTV.


Во својот лански новогодишен говор, Си истакна дека обединувањето на Кина со Тајван е неизбежно и дека народот од двете страни треба да работи заедно за националното подмладување.

Напнатоста меѓу Пекинг и Тајван останува висока, особено откако новиот лидер на Тајван, Лај Чинг-те, кого Пекинг го смета за сепаратист, ја презеде функцијата во мај.

Кина неодамна натрупа поморски сили околу Тајван и во Јужното Кинеско Море, поради турнејата на Лај, која вклучуваше посети на Хаваи и Гуам, што Пекинг остро ја критикуваше.

Можете да прочитате

Украинците погодија брана во Русија

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција