Утрински Весник
Свет

Си Џинпинг: Кина е задоволна што Русија и САД одржуваат контакти и ги подобруваат односите

20250610154830 big 730x400 75.webp.webp

Кина е задоволна што Русија и САД одржуваат контакти и ги подобруваат своите односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

„Кина е задоволна што гледа дека Русија и САД одржуваат контакти, ги подобруваат меѓусебните односи и го поттикнуваат политичкото решавање на украинската криза“, ги цитира неговите зборови Кинеската централна телевизија.


Според телевизијата, Си Џинпинг го претставил принципиелниот став на кинеската страна и нагласил дека сложените проблеми немаат лесни решенија.

„Независно од промените во ситуацијата, Кина ќе задржи конзистентна позиција и постојано ќе промовира помирување и преговори“, рекол Си Џинпинг.

За време на разговорот, двајцата претседатели дадоа висока оценка за нивото на стратешка интеракција меѓу Пекинг и Москва. Разговорот се одржа на иницијатива на Путин, додаде телевизијата.

За помалку од два месеци ова е втор разговор меѓу Си и Путин. Пекинг и Москва дополнително ја зајакнуваат својата економска и трговска соработка, како и соработката во областа на безбедноста, по целосната инвазија на Русија врз Украина во февруари 2022 година, што предизвика нагло влошување на односите на Москва со Западот, пренесуваат агенциите.

Се очекува, Путин да ја посети Кина во септември за настаните по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.

Можете да прочитате

Блумберг: САД и Русија планираат прекин на огнот што би ја зацврстил руската контрола врз заземените украински територии

Путин разговарал по телефон со своите партнери пред можната средба со Трамп

ОН го повикува Израел да се откаже од планот за воспоставување воена контрола врз Појасот Газа