Утрински Весник
Свет

Си Џинпинг: Иднината на човештвото зависи од односот меѓу Кина и САД

Si Dziping.jpg

Кинескиот претседател Си Џинпинг рече дека иднината на човештвото зависи од односот меѓу Кина и Соединетите Американски Држави.

-Благосостојбата на луѓето на двете земји, како и иднината и судбината на човештвото, зависат од тоа дали Кина и Соединетите Американски Држави соработуваат или се спротивставуваат една на друга, рече Си, пренесе кинеската централна телевизија.

Кинескиот лидер истакна дека се додека двете страни се сметаат за партнери и меѓусебно ги почитуваат интересите и мирно коегзистираат и соработуваат за заемно корисни резултати, билатералните односи ќе се подобруваат.

Тој изрази и надеж за зголемување на интензитетот на размената меѓу претставниците на сите нивоа на општеството во двете земји.

Можете да прочитате

Тројца мажи во Јордан осудени на смрт за минатомесечниот напад врз православна црква

„Мета“ во Италија казнета со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола

Украина и Русија договараат размена на најмалку илјада воени заробеници