
Кина и Канада треба да бидат партнери кои се почитуваат и веруваат едни на други, да се развиваат заедно и да соработуваат, му порача денеска кинескиот претседател Си Џинпинг на канадскиот премиер Марк Карни кои се сретнаа во Пекинг.
-Суштината на економските и трговските односи меѓу Кина и Канада лежи во взаемната корист и соработката од која сите добиваат, рече Си.
Од своја страна, Карни изјави дека Канада и Кина градат ново стратешко партнерство кое ќе донесе „историски“ придобивки со искористување на силните страни на секоја земја.
Канадскиот премиер пристигна во Пекинг во средата на историска четиридневна посета. Тој е првиот канадски премиер кој ја посети Кина од 2017 година.
Неговата мисија во Пекинг е да „обнови врски со вториот најголем трговски партнер на Канада по САД“ по месеци дипломатски напори за „решавање на долготрајните тензии“.
„Важно е да се започне ова ново стратешко партнерство во време на поделби“, му рече Карни на Си, повикувајќи на фокус на области како што се земјоделството, храната, енергијата и финансиите. „Верувам дека можеме да постигнеме моментален и одржлив напредок“, додаде канадскиот премиер.

