Утрински Весник
Свет

„Си-ен-ен“: Kина има илегални полициски станици во стотина градови во светот, меѓу нив и Белград и Загреб

„Си-ен-ен“: Kина има илегални полициски станици во стотина градови во светот, меѓу нив и Белград и Загреб

Пекинг формираше повеќе од 100 таканаречени прекуокеански полициски станици ширум светот за следење, вознемирување и во некои случаи враќање на кинеските граѓани кои живеат во егзил, користејќи билатерални безбедносни договори со земјите во Европа и Африка, пишува Си-Ен-Ен.

dobivaj vesti na viber

Активистичката организација за човекови права Safeguard Defenders, со седиште во Мадрид, тврди дека пронашла докази дека Кина управува со дополнителни 48 полициски станици во странство, откако групата првпат откри постоење на 54 такви станици во септември оваа година.

Кинеската мрежа ги вклучува Хрватска, Италија, Србија, Романија…

Извештајот, насловен „Патрола и уверување“, се фокусира на обемот на кинеската мрежа и ја испитува улогата што заедничките полициски иницијативи меѓу Кина и неколку европски земји, вклучувајќи ги Италија, Хрватска, Србија и Романија, ја одиграа во досега непознатото проширување на кинеската прекуокеански пунктови, се наведува во наодите на оваа организација.

Safeguard Defenders тврди дека еден кинески државјанин бил принуден да се врати дома од тајни оперативци во кинеска полициска станица во странство во предградие на Париз, покрај претходните откритија дека уште двајца кинески граѓани биле насилно вратени од Европа – еден од Србија, другиот од Шпанија.

Safeguard Defenders, која ги пребарува јавно достапните официјални кинески документи за докази за наводни прекршувања на човековите права, тврди дека идентификувала четири различни полициски јурисдикции на Министерството за јавна безбедност на Кина кои се активни во најмалку 53 земји, кои ги опфаќаат сите четири страни на светот, а наводно имаат задача да им помагаат на кинеските иселеници.со нивните потреби во странство.

Пекинг: Тоа е клевета

Пекинг негираше дека има непријавени полициски сили надвор од нејзината територија, а неговото Министерство за надворешни работи изјави за Си-Ен-Ен во ноември: „Се надеваме дека релевантните страни ќе престанат да создадат тензии. Користењето на ова како изговор за оцрнување на Кина е неприфатливо“.

Наместо тоа, Кина тврдеше дека објектите се административни центри, формирани за да им помогнат на кинеските иселеници со задачи како што се обновување на нивните возачки дозволи. Кина, исто така, рече дека овие канцеларии се одговор на пандемијата „Ковид-19“, која остави многу граѓани заглавени во други земји и надвор од Кина и дека не можат да ја обноват својата документација.

Кога „Си-ен-ен“ го контактираше во ноември за првичните наводи на Safeguard Defenders, кинеското Министерство за надворешни работи рече дека прекуокеанските станици биле управувани од волонтери. Сепак, последниот извештај на организацијата тврди дека една полициска мрежа што ја истражувала вработувала 135 луѓе за нејзините 21 станица. Организацијата, исто така, дојде до тригодишен договор за вработен ангажиран на прекуморската станица во Стокхолм.

Непријавените активности надвор од официјалните мисии се нелегални и невообичаени

Непријавената конзуларна активност надвор од официјалните дипломатски претставништва на нацијата е крајно невообичаена и нелегална, освен ако земјата-домаќин не даде своја експресна согласност, а во извештајот на Safeguard Defenders се тврди дека кинеските канцеларии во странство постоеле неколку години пред пандемијата.

Извештаите досега поттикнаа истраги во најмалку 13 земји и поттикнаа се пожесток дипломатски спор меѓу Кина и земјите како Канада, која има голема кинеска дијаспора. Кина не е единствената суперсила обвинета за користење на вонсудски средства за постигнување цели за спроведување на законот или политички прогон во странство.

Русија, на пример, двапати беше обвинета за подметнување на смртоносни хемиски и радиоактивни материи на британско тло во обид да ги убие своите поранешни шпиони. Русија секогаш ги негираше овие обвинувања. Во САД, ЦИА беше вмешана во скандал околу вонредната екстрадиција на осомничени за тероризам од улиците на Италија во заливот Гвантанамо по нападите од 11 септември.

Сепак, индикацијата за широко распространета репресија на кинеските граѓани во странство доаѓа во клучен момент за нацијата која се бори со немири дома, во услови на замор на јавноста поради рестриктивните политики за нулта ковид и почетокот на третиот мандат на кинескиот лидер Кси Џинпинг. Минатата недела, Кина навести дека ќе олесни некои пандемични ограничувања, три години по избувнувањето на Ковид-19.

Кинеска полиција низ Италија, видео надзор во станбени згради

Како втора по големина економија во светот, Кина разви подлабоки односи со многу од земјите каде што, наводно, се пронајдени новите полициски станици, што покренува непријатни прашања за националните влади кои ги балансираат комерцијалните интереси со националната безбедност. Италија,  која потпиша серија билатерални безбедносни договори со Кина од 2015 година, во голема мера молчи за време на откривањето на наводните активности на нејзина територија.

Помеѓу 2016 и 2018 година, италијанската полиција спровела повеќе заеднички патроли со кинеската полиција, прво во Рим и Милано, а подоцна и во други градови, вклучително и Неапол, каде во исто време, како што тврди Safeguard Defenders, открила докази дека е инсталиран систем за видео надзор во кинеските станбени згради, наводно „за ефикасно спречување на криминалот“.

Претставник на италијанската полиција изјави за NPR во 2016 година дека заедничката полициска акција „ќе доведе до поширока меѓународна соработка, размена на информации и размена на ресурси за борба против криминалните и терористичките групи кои ги засегаат двете земји“.

Невладината организација открива дека Италија била домаќин на 11 кинески полициски станици, вклучително и во Венеција и Прато во близина на Фиренца.

Кина склучи слични договори со Хрватска и Србија

На церемонијата во Рим во 2018 година по повод отворањето на новата станица присуствуваа и италијански полициски службеници, според снимките објавени на кинеските веб-страници, што укажува на блиски врски меѓу полициските сили во двете земји.

Претходно оваа година, италијанскиот весник La Nazione објави дека локалната истрага во една од кинеските станици не открила никакви нелегални активности. Ил Фољо ги цитираше полициските началници кои неодамна изјавија дека станиците не претставуваат некој посебен проблем затоа што се чини дека се само бирократски.

Кина, исто така, склучи слични договори за заеднички полициски патроли со Хрватска и Србија помеѓу 2018 и 2019 година. Кинески полицајци биле видени во заедничка патрола со нивните хрватски колеги на улиците на главниот град Загреб во јули оваа година, јавуваат кинеските медиуми.

Претставник на загрепската полиција со кој разговараше кинеската агенција Ксинхуа рече дека патролите се клучни за „заштита и привлекување странски туристи“. Во извештајот на Ројтерс од 2019 година се вели дека кинеските полицајци им се придружиле на српските полицајци кои патролираат во Белград за да помогнат во справувањето со приливот на кинески туристи. Еден српски полицаец нагласи дека Кинезите немаат овластување да апсат.

Тие се проширија и во Јужна Африка

Safeguard Defenders, исто така, вели дека кинески станици се основани во Јужна Африка и околните земји благодарение на сличен договор. Кина почна да ги поставува темелите за поблиски полициски врски со јужноафриканските полициски агенции пред речиси две децении, подоцна формирајќи мрежа официјално наречена „Кинески сервисни центри во странство“.

Кинескиот конзулат рече дека оваа соработка „ги обединува сите заедници, и Јужноафриканците и странските државјани во Јужна Африка“.

„Оваа соработка активно ги спречува злосторствата против заедницата и значително го намалува бројот на такви случаи“, велат од конзулатот, истакнувајќи дека центрите се непрофитни организации без „овластувања за спроведување на законот“.

Кинеските медиуми често цитираа јужноафрикански владини претставници кои изразиле поддршка за центрите и дека нивната работа и помогнала на полицијата да ги продлабочи односите со кинеските иселеници кои живеат таму, се вели во извештајот на Џејмстаун Кина Бриф од 2019 година.

 

 

Можете да прочитате

Се отстранува срушениот мост во Балтимор, пристигна кран кој може да подигне 1.000 тони

Макрон: Г-20 треба да постигне согласност за поканата за Путин

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Утрински Весник