Утрински Весник
Свет

Си-ен-ен: Иран ќе одговори одлучно и силно на неодамнешните израелски напади

Iran.jpg
Dik 300x250 mk

Иран решително и силно ќе одговори на неодамнешните израелски напади, веројатно пред претседателските избори во Америка, изјави за Си-Ен-Ен неименуван висок ирански функционер.

Изворот не го прецизира точниот датум на нападот, но вели дека веројатно ќе биде пред денот на претседателските избори во Америка. Иранските власти во првите реакции за израелскиот напад врз Иран на 25 октомври ја минимизираа сериозноста на тој напад.

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи рече дека овие напади „не треба да се преувеличуваат ниту да се минимизираат“. Израел тогаш за првпат отворено призна дека погодил ирански цели.

Израелската армија го нападна Иран во текот на ноќта меѓу 25 и 26 октомври, а за време на нападот, кој траеше пет часа, мета биле 20 цели во таа земја, пренесе Ројтерс.

Серија експлозии се слушнаа во околината на Техеран веднаш откако израелската армија објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како знак на одмазда за иранскиот напад врз Израел што беше извршен на 1 октомври, пренесува Танјуг.

Можете да прочитате

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи

Масакр во Судан: Убиени над 2.000 цивили

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите