Утрински Весник
Свет

Сијарто: Зеленски го губи разумот

Sijarto.webp.webp

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврдејќи дека Киев е опседнат со Будимпешта и дека замислува закани што не постојат.

„Претседателот Зеленски го губи разумот поради неговата антиунгарска опсесија“, напиша Сијарто на веб-страницата „Икс“.


Тој додаде дека Зеленски почнува да гледа работи што не постојат.

Зеленски претходно изјави дека унгарските беспилотни летала го нарушиле воздушниот простор на западна Украина и веројатно го истражуваат индустрискиот потенцијал на пограничните области на Украина.

Сијарто, исто така, го обвини Киев дека води „антиунгарска политика“ откако Украина вчера прогласи тројца високи унгарски воени функционери за персони нон грата.

Односите меѓу Унгарија и Украина се напнати со години. Будимпешта се спротивставува на притисокот од Брисел и Вашингтон да му обезбеди оружје на Киев или да ги поддржи санкциите на ЕУ кон Русија, тврдејќи дека таквите потези би им наштетиле на националните интереси на Унгарија, потсетува „Раша тудеј“.

Можете да прочитате

Турција: По двегодишен прекин, обновени се испораките на сурова нафта преку цевковод од Ирак

Во Италија откриена илегална фабрика за фалсификувани марки цигари

Планот на Трамп за Појасот Газа содржи 21 точка