Утрински Весник
Свет

Сијарто: Пред две недели избегнавме трета светска војна

Сијарто: Пред две недели избегнавме трета светска војна
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто смета дека ситуацијата во Украина создава опасност од директен воен конфликт меѓу Русија и НАТО и трета светска војна.

dobivaj vesti na viber

„ Пред две недели, само благодарение на трпението и одговорноста на полските лидери, избегнавме кошмар како што е трета светска војна“, рече Сијарто, потсетувајќи на падот на украинската ракета на територијата на Полска.

„За жал, тој ризик постои се додека трае војната во Украина. Затоа мораме да направиме се за да спречиме некогаш да се случи директен конфликт меѓу Русија и НАТО“, напиша министерот на социјалните мрежи.

Сијарто учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт денеска и утре. На самитот ќе се разговара за ситуацијата во Украина, влезот на Шведска и Финска во НАТО, како и зајакнувањето на воениот потенцијал на Алијансата.

Можете да прочитате

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца

ЕУ бара договор за финансирање на Украина со замрзнати руски средства