Утрински Весник
Свет

Сијарто: ЕУ ја продолжува војната во Украина, Унгарија нема да учествува во „финансирање убиства“

Sijarto9o.webp.webp

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека е јасно кој ќе ја добие војната во Украина и дека е сосема непотребно Европската Унија, како што рече, да „го продолжува убивањето“ со испраќање милијарди евра и оружје во Киев.

По средбата со тајландскиот министер за надворешни работи Сихасак Фуангкетке, Сијарто истакна дека Тајланд е еден од клучните партнери на Унгарија во Југоисточна Азија и нагласи дека двете земји го делат ставот дека мирот е единственото решение, јавува агенцијата МТИ.

– Дури и од перспектива на Тајланд, јасно е дека војната во Украина не може да се реши на бојното поле, туку само на преговарачка маса. Колку подолго трае војната, толку повеќе страда украинскиот народ, повеќе луѓе умираат, а земјата систематски се уништува. Затоа, нема смисла Европската Унија да испраќа повеќе пари или оружје во Украина – рече Сијарто, пренесе Танјуг.

Тој додаде дека му пренел на својот соговорник дека во Брисел постои, како што изјави, „воен фанатизам“ меѓу политичарите кои сакаат да испраќаат пари од европските граѓани во Украина.

– Ние Унгарците нема да го дозволиме тоа – рече Сијарто.

Можете да прочитате

Убиен Саиф Гадафи, син на Моамер Гадафи

Трамп: Веќе увезовме 50 милијарди барели нафта од Венецуела

Грција ги забранува социјалните медиуми за лица под 15 години