Утрински Весник
Македонија

Сиљановска – Давкова: Во 2026 година очекувам создавање поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните

20251217135606 big 730x400 11.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Живееме во време на глобални геополитички и економски предизвици. Периодот на закрепнување по ковид-пандемијата, инфлациските притисоци и енергетската криза оставија длабоки траги врз економиите низ светот, а нивното влијание не не одмина и нас. Како дел од регионалниот, европскиот и глобалниот пазар, македонското стопанство е изложено на овие турбуленции. Затоа, улогата на државата е клучна во создавањето соодветни претпоставки за брзо престројување, развој и системска поддршка на бизнисот. Искрено посакувам и очекувам, 2026 година да биде насочена кон создавање поповолна и поконкурентна бизнис-клима што ќе резултира со стабилен раст и подобар стандард за граѓаните – рече денеска претседателката Гордана Силјановска-Давкова пред врачувањето на признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година што го доделува Сојузот на стопански комори (ССК) под нејзино покровителство.

Претседателката напомена дека наградите не се случаен подарок, туку логична последица на стратегиско размислување и системско вложување во креативен човечки капитал, во современи техники и технологии.

-Препознаваме, афирмираме и наградуваме вредности како стандард, квалитет, одговорност и посветеност. Наградите потврдуваат дека успехот е резултат на визија, истрајност, знаење и храброст. Компаниите што ги наградуваме ги персонифицираат зрелоста и потенцијалот на македонското стопанство да креира одржливи модели на раст, да генерира иновации и да одржува динамична, но стабилна бизнис клима – потенцира Силјановска-Давкова.

Пред присутните се обрати и претседателот на ССК, Горан Ѓорѓиевски.

Признанија добија 11 компаниии.

Можете да прочитате

Грчкото МНР реагира на изјавите на Мицкоски за името Македонија

Фатих Шахбаз застанува на чело на Халкбанк

СДСМ: ДПМНЕ игра опасна игра со мигрантите