Утрински Весник
Македонија

 Сиљановска-Давкова разговараше со Илија Каров, претседател на Кинолошкиот клуб “Македонско овчарско куче – Караман

Server04.global net.com 4.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претседателот на Кинолошкиот клуб „Македонско овчарско куче – Караман”, Илија Каров, по повод условното впишување на расата Караман во регистрите на Светската кинолошка федерација, со што, таа стана дел од семејството на над 380 признати раси кучиња во светот.

Претседателот на Кинолошкиот клуб истакна дека Караман не е само ново име во меѓународните регистри, туку симбол на истрајноста, љубовта и визијата кои повеќе од две и пол децении беа вложувани во афирмацијата на расата.


За обајцата, ова признание е значаен успех за македонската кинологија и за националното културно наследство.

Претседателката упати благодарност до г. Каров и до сите одгледувачи и поддржувачи кои посветено работеа на зачувувањето и признавањето на ова автохтоно македонско овчарско куче.

Таа нагласи дека Караман станува првото признато македонско овчарско куче со самостојно национално потекло, со што, дополнително се потврдува државата како земја со богато и автентично кинолошко наследство.

Според соговорниците, Караман ги отсликува спецификите на руралниот животот во македонските планини, како  силен и достоинствен чувар на стадата, но и смирен, интелигентен и лојален сопатник на семејството.

Сиљановска-Давкова  сподели и лично искуство, истакнувајќи дека одблиску ја познава природата на оваа раса. „Караманката во мојот дом секојдневно потврдува дека станува збор за куче со изразен заштитнички инстинкт кон  домот и семејството”, рече таа.

Меѓународното признание е поттик за понатамошна грижа и поддршка во насока на трајно меѓународно признавање на расата.

Можете да прочитате

Фетаи останува без ниту еден пратеник

Болна исповед на братот: Ги изгубив сестрата и внуката, системот потфрли

Битиќи: Минималната плата расте затоа што мора, не затоа што Владата сака