Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински”

Foto 1.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Ана Стојаноска, уметничка директорка на МТФ „Војдан Чернодрински”, театролог, писателка и редовна професорка на Драмскиот факултет во Скопје.

Директорката детално ја запозна со програмата на 60. јубилејно издание на фестивалот којшто ќе се одржи во јуни следната година под провокативното мото „Храбриот нов театар”.

Импресионирана од иновативноста на програмската содржина, претседателката со задоволство прифати да биде покровителка на фестивалот.

Соговорничките споделија мислења за македонската драматургија, местото и улогата на славните глумци во неа, но и хроничните проблеми со коишто се соочуваат театрите, вклучувајќи ги и најтешките: просторните и финансиските.

Сепак, недвосмислено заклучија дека театарот мора да остане жив и витален, обидувајќи се да привлече нова публика меѓу децата и младите, воден од чесната намера да ја поттикне кај нив љубовта кон уметноста.

Претседателката смета дека знаењето, професионалноста, храброста и ентузијазмот на директорката и нејзиниот тим гарантираат незаборавен фестивал којшто заслужува институционална и финансиска поддршка.

Можете да прочитате

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово