Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова: Потребна е реална заштита на жените од насилство

Davkova.webp.webp

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека, покрај формалната, потребна е реална заштита на жените од насилство, на јавната расправа за имплементацијата на Истанбулската конвенција. Таа истакна дека извештајот на Државниот завод за ревизија открива системски недостатоци и препорача итно донесување на Националната стратегија 2026–2033, проширување на мрежата на засолништа, обезбедување долгорочна финансиска поддршка, воведување стандарди во услугите на социјалните центри, вработување стручен кадар и побрзо лиценцирање на СОС линиите.

Сиљановска-Давкова истакна дека психосоцијалниот третман е потребен и за жртвите и за сторителите, а казнената политика во однос на семејното насилство и фемицидот мора да се заостри.

Таа предупреди дека институционалната дисфункционалност оставa жени незаштитени во критички моменти и ја продлабочува недовербата во системот. На седницата учествуваа претставници од државни институции, граѓански сектор и меѓународни организации, како и високи функционери од Собранието и Министерството за социјална политика.

Можете да прочитате

Шок во јавно претпријатие: Директорот им земал пари од платите на 76 вработени

Предлогот за новите министри на ВРЕДИ сепак се уште не е пристигнат до пратениците

Бранко Аџигогов повеќе не е генерален директор на Фондот за здравство