Утрински Весник
Македонија

Бранко Аџигогов повеќе не е генерален директор на Фондот за здравство

20251201164330.jpg

Бранко Аџигогов од крајот на минатата недела повеќе не е генераен директор на Фондот за здравствено осигурување, откако се донесе одлума ФЗО да има само еден, наместо два генерални директори, објави Фактор.

Во случајов, Сашо Клековски останува и натаму да раководи со Фондот како единствен генерален директор.

Фондот за здравствено осогурување се враќа на стариот концепт и со него нема да раководат двајца директори, туку еден, како што најави претходно Клековски во јули, годинава.

– Концептот на раководен орган од два директора кои се подеднакво одговорни за работењето на Фондот се напушта и се враќа концептот на директор и заменик на директорот, што постоеше до 2007 година – истакна тој тогаш.

Можете да прочитате

Без дозвола, со забрана и пијан зад волан – 10 возачи приведени

Тошковски: 14 лица повикани на разговор за хоророт во Ѓорче Петров, меѓу нив и родители

Четворица малолетници со месеци го малтретирале дете во автобус во Скопје