Утрински Весник
Македонија

Сиљановска Давкова – Калињак: Билатералните прашања не смеат да бидат предмет на преговорите за членство во ЕУ

Foto 3.jpeg

Во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на Владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак.

Вицепремиерот ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат.  Според него, ние сме неоправдано предолго во чекалната на ЕУ. Процесот на проширување, смета тој, треба да е заснован единствено на исполнувањето на Копенхашките критериуми.


Калињак го сподели своето позитивно искуство во соработката со македонските државни институции, изразувајќи подготвеност за натамошно унапредување во повеќе области, меѓу коишто и во одбраната.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство од принципиелниот став на Словачка во врска со проширувањето на Унијата. Таа укажа на ирационалноста на барањата и условите од идентитетски карактер, проследени со вето.

Обајцата се согласија дека билатералните прашања не смеат да бидат предмет на преговорите за членство во ЕУ.  

Во пресрет на претстојниот Самит на НАТО во Анкара, соговорниците се осврнаа на безбедносната состојба во Европа. За нив, јакнењето на партнерството во НАТО останува клучен фактор за зачувување на регионалната стабилност и европската безбедност.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето е наша заедничка цел, иднината на Северна Македонија цврсто припаѓа во Европската Унија

Андоновска: Ние баравме ревизија – бил купен мрежен кабел за 15.000 евра, за 100-годишнината на ИЈЗ за еден час се потрошиле 50.000 евра

Битолскиот театар со „Ричард трети“ патува на фестивалот „Бабелфаст“ во Трговиште, Романија