Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова го прими албанскиот претседател Бегај во Охрид

Foto 2.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана” во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава.

Обајцата соговорници изразија задоволство од воспоставеното пријателство и добрите билатерални односи меѓу двете земји. Се согласија дека регионалното инфраструктурно поврзување е најдобар начин за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Меѓу клучните проекти во оваа област е Коридорот 8 кој треба да биде еден од приоритетите кои ќе овозможат полесна комуникација меѓу земјите во регионот.


Двајцата претседатели изразија надеж дека како соседи, двете земји можат да постигнат успех во заштита на Охридското езеро, природата и заедничкото природно богатство. Постои можност овие активности да бидат финансирани преку европски фондови, достапни со заеднички апликации на двете земји.

Сиљановска-Давкова и Бегај поплaднево разгледаа дел од древните охридски вредности коишто воодушевуваат со автентичноста и убавината, почнувајќи од Чинарот, продолжувајќи со Алипашината џамија, потоа споменикот на Св. Климент, куќата на Робевци, музејот на хартијата и црквата ,,Св. Софија” – секој од нив, траен симбол на духовноста, уметноста, традицијата и историјата.

Преку културниот дијалог се зацврстувааат мостовите на зближување, довербата, пријателството, меѓусебното разбирање и соработка.

Можете да прочитате

Шекеринска: Русија е главна закана за НАТО – зголемување на одбранбените буџети е историска потреба

Комеморација без сите деца? Скандал околу организирањето на одбележувањето во Кочани

Филипче од Кочани: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи,  но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани