Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова го пречека швајцарскиот претседател Пармелан со највисоки државни почести

20260429111653 big 730x400 84.webp.webp

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека швајцарскиот претседател Ги Пармелан, кој денеска престојува во официјална посета на земјава.

Претседателите одржаа тет-а-тет средба, по што следеше пленарен состанок на македонската и на швајцарската делегација.


Во фокусот на разговорите беа севкупните билатерални односи, при што тридецениската соработка се оцени како пријателска и плодна.

Претседателката му се заблагодари на швајцарскиот претседател за континуираната поддршка на македонската евроинтеграција, како и за бројните и вредни донации во клучни области како што се: владеењето на правото, зајакнувањето на демократските институции, транзицијата кон зелена и обновлива енергија и заштитата на природните ресурси, особено на водата.

Таа изрази задоволство од реализацијата на оваа прва историска официјална посета на швајцарски претседател на земјава, со којашто се потврди партнерството меѓу двете држави.

Можете да прочитате

Кафе со амбасадори – дијалог за идентитет, култура и Европа

Алиу:Oбезбедена медицинска опрема вредна половина милион долари за четири болници

Се бара притвор за 14-годишник од Гостивар што си ја силувал 13-годишната сестрата