Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 38. Охридски пливачки маратон

Foto 1 2 e1756622797149.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка на Охридскиот пливачки маратон, им ги додели наградите на победниците врз основа на регистрираните резултати во моментот на прекинот на натпреварот.

На оваа престижна меѓународна спортска манифестација којашто по 38-ми пат се одржа во Охрид во женска конкуренција победничка е Мајте Ајлен Пука, додека победници во машка конкуренција се Матео Фурлан, Федерико Тамборино и Матијас Дијас Хернандес.


Сиљановска-Давкова им честиташе на победниците и на сите учесници на маратонот, изразувајќи им признание за издржливоста, посветеноста и спортскиот дух.

Таа им посака добро здравје и нови спортски успеси.

На патеката „Климе Савин”, годинава се натпреваруваа 16 пливачи од шест држави: десет во машка и шест во женска конкуренција, меѓу кои, четворица македонски натпреварувачи.

Можете да прочитате

Савески и Палминтери на средба за зајакнување на соработката во владеењето на правото

Фондот бара решение за техничките проблеми при исплата на породилното боледување

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина