Утрински Весник
Македонија

Шведската амбасадорка во земјава на средба со лидерот на АА

Шведската амбасадорка во земјава на средба со лидерот на АА
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ами Ларсон Џаин, шведската амбасадорка во Северна Македонија денеска имаше средба со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

dobivaj vesti na viber

„И честитав на амбасадороката Ларсон Џаин за почетокот на шведското претседателство со ЕУ и и се заблагодарив на пријателската шведска влада за одржувањето на моментумот за европската интеграција на Западен Балкан. Дискутиравме за случувањата во Северна Македонија и регионот и се согласивме за потребата од политичка стабилност во оваа клучна година која треба да кулминира со отворање на преговорите за членство во ЕУ“ се вели во партиското соопштение од АА.

Оттаму посочуваат дека соговорниците „разговарале и за потребата од забрзување на реформите во владеењето на правото и антикорупцијата. Во таа насока, големата билатерална програма што ќе ја спроведува Шведската амбасада е многу добредојден развој за земјата“.

Можете да прочитате

Сточарите и земјоделците на раб на опстанок – најавени протести

Николоски: Наставата на мајчин јазик е најголемата цивилизациска придобивка за еден народ

Беќаровски со совети како да се намали штетното влијание од загадениот воздух