Утрински Весник
Свет

Шведска изгласа промени во уставот со цел зајакнување на борбата против тероризмот

Шведска изгласа промени во уставот со цел зајакнување на борбата против тероризмот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шведскиот парламент гласаше за промена на уставот што ќе овозможи зајакнување на борбата против тероризмот, што го бара Турција за да го поддржи влезот на Шведска во НАТО.

dobivaj vesti na viber

Шведскиот премиер минатата недела во Анкара вети дека ќе ги земе предвид барањата на Турција, нарекувајќи ја уставната промена „голем чекор“. Освен тоа, шведскиот парламент усвои уставни амандмани кои се цел на критики поради нивното потенцијално влијание врз новинарството, пренесува германската агенција ДПА.

Странската шпионажа на тој начин станува кривично дело и влегува во кривичниот законик. Амандманите го ограничуваат правото да се собираат информации за шведската меѓународна соработка и за објавување во медиумите, што е заштитено со устав.

Обезбедувањето информации кои би можеле да им наштетат на односите на Шведска со други земји или организации како што се ОН и НАТО, исто така, станува казниво, според телевизијата СВТ. Владата посочува дека тоа е неопходно за да се заштити безбедноста на земјата и да се затворат дупките во законите. Новинарите стравуваат дека овие мерки би можеле да влијаат на заштитата на изворите и свиркачите. Медиумите предупредуваат дека тоа ќе ги загрози демократијата и слободата на изразување.

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин