
Швајцарија синоќа ја победи Канада со 2-1, а Босна и Херцеговина триумфираше над Катар со 3-1 во последното коло од Групата Б на Светското првенство.
Швајцарија и Канада обезбедија директен пласман во шеснаесетфиналето, додека Босна и Херцеговина, како третопласирана репрезентација, има реални шанси да стигне до нокаут фазата.
На дуелот во Сиетл, репрезентацијата на БиХ имаше водство од 2-0 со погодокот на Алајбеговиќ во 29 минута и автоголот на Абунада пет минути подоцна, но Катар до полувремето ја преполови негативата, откако Хајдос беше прецизен во 42 минута.
Десет минути пред крајот на натпреварот Махмиќ го постави конечниот резултат и донесе важна победа на БиХ.
По воведните 45 минути без голови на натпреварот во Ванкувер, во 49. минута Варгас ѝ донесе водство на Швајцарија, а Манзамби ја зголеми предноста во 57 минута.Промис во 76 минута ја преполови негативата на Канада, но домаќинот не успеа до крајот на натпреварот да го избегне првиот пораз на Светското првенство.
Швајцарија со седум бодови и гол-разлика 7-3 го освои првото место во групата Б, додека Канада заврши на второто место со четири бодови и гол-разлика 8-3.
БиХ ја заврши групната фаза третопласирана со ист број бодови како и Канада, но послаба гол – разлика (5-6), додека Катар остана на освоениот бод од првото коло против Швајцарија.

