Утрински Весник
Македонија

Шутаров: Ова е перверзија, ВМРО-ДПМНЕ се раскара за милионски провизии

Шутаров: Ова е перверзија, ВМРО-ДПМНЕ се раскара за милионски провизии

Советникот во Советот на Град Скопје од СДСМ, Гордан Шутаров, на денешната седница, рече дека ВМРО-ДПМНЕ се скарала за милионски провизии.

dobivaj vesti na viber

„ Најбогатата партија во Европа, ВМРО-ДПМНЕ за милионски провизии се скара, за тоа кој да ги земе провизиите. Па вие многу ниско сте паднале. Ова е фарса и перверзија што ја креиравте во Советот на Град Скопје. Граѓаните ќе судат и ќе го казнат ВМРО-ДПМНЕ“ рече Гордан Шутаров, советник од СДСМ.

Шутаров потсети дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржале кандидатурата на Данела Арсовска и на сите досегашни седници на Советот на Град Скопје советниците од мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ ја фалеле дека е најдобриот градоначалник, а сега одеднаш не им чини.

„ 16 седници оддржавме на Советот на Град Скопје каде што советниците од ВМРО-ДПМНЕ се потепаа од фалење како Скопје го има најдобриот градоначалник и менаџер. Сега одеднаш не им чини, не чини градоначалничката, немала проекти. Па кои се тие проекти за кои на 16 седници велевте дека се реализирани? Ниту модерно ниту брзо, а најлошо од се, ништо за скопјани.“ рече Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје од СДСМ.

Можете да прочитате

На градскиот плоштад во Кавадарци ќе се одржи отворен ден на Армијата

Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци

Сообраќајот непречено, по суви коловози