Утрински Весник
Македонија

Шукова: Ниту една држава не успеала само со национални средства да ги спроведе инвестициите во животната средина, потребна ни е ЕУ

Img 8187
Dik 300x250 mk

„Ни една држава, влклучително и голем дел од земјите-членки на Европската Унија, не успеала со национални средства да ги спроведе инвестициите во животната средина, туку успеале со голема помош од фондовите на ЕУ“ рече министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова на конференцијата „Година на европски можности“.

Таа додаде дека ИПА веќе се користи особено за инвестиции во управувањето со води, отпад, заштита на природата и заштита на воздухот.

„Но, кога ќе се отворат европските фондови, кога ќе ја отвориме преговарачката рамка, се очекува дека средствата ќе се зголемат неколку пати и ќе помогнат на државата во развојот“ рече Шукова.

Министерката додаде дека ако не инвестираме во животната средина и доброто управување со отпад, тогаш ќе потрошиме многу повеќе пари на санирање на последиците.

Можете да прочитате

Хаос кај кулите Џевахир: Пијан возач со голема брзина удри во контејнери и автомобили!

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?