Утрински Весник
Македонија

Шукова доби нова позиција во партијата

Kajashukova1 e1760624369182.jpeg

Поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова, е новата претседателка на Форумот на жени на СДСМ. Одлуката беше донесена на денешната седница на Извршниот одбор на партијата.

Како што информираат од СДСМ, изборот на Шукова доаѓа по директен предлог на претседателот на партијата, д-р Венко Филипче.

„На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот д-р Венко Филипче, за нова претседателка на Форумот на жени на СДСМ е избрана другарката Каја Шукова. Честитки!“, стои во кусoто соопштение од партијата.

Можете да прочитате

Сопственик на угостителски објект во Куманово уценуван од поранешна вработена со помош на друго лице

Државниот архив одбележува 75 години од основањето

Уапсени две лица поради бегство од затвор, претходно осудени поради „тешка кражба“