Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Шукова: БРТ-системот ќе превозува 65.000 патници дневно – Скопје ќе добие модерен и еколошки јавен превоз

Shukova360.jpeg
300x250 opst2

Соопштение за јавност на СДСМ:

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во интервју за емисијата „360 степени” истакна дека најголем приоритет во нејзината програма е воспоставувањето на БРТ-системот – брз и еколошки јавен превоз што ќе го реши сообраќајниот метеж и загадувањето во главниот град.


„Скопје мора да има јавен превоз кој навистина функционира. Проектот за БРТ е подготвен, средствата се обезбедени и првата линија, од Ѓорче Петров до Аеродром, долга 13 километри со 21 станица, може да биде готова најдоцна до почетокот на 2028 година”, изјави Шукова.

Таа посочи дека ова е најзначајниот инфраструктурен проект во Скопје по неколку децении, бидејќи БРТ-системот ќе овозможи превоз на над 65.000 патници дневно, со нови, еколошки автобуси кои ќе се движат на секои неколку минути.

„Со ова решение, Скопје ќе добие јавен превоз каков што му доликува на модерен европски град –  без застои, без загадување и со чиста мобилност достапна за сите”, додаде Шукова.

Таа најави дека паралелно со изградбата на првата линија, ќе се подготви и втората траса север–југ, со што ќе се поврзат сите делови на градот, а секоја година ќе се набавуваат нови еколошки автобуси за надградба на системот.

„Ова е проект што ќе го промени Скопје засекогаш – ќе му даде нов пулс, побрз ритам и почиста иднина”, порача Шукова.

Можете да прочитате

Меџити: Милиони евра се инвестираат за развојот на Чаир

Шукова: Отпадот е ресурс, време е Скопје да добие чист и одржлив систем за управување со отпад

Димитриев: Аеродромци, ова не е ни моја, ни твоја – ова е НАША општина