Утрински Весник
Македонија

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Shtip 1.jpg

Во Штип поради проблеми со снабдувањето со струја прекината е редовната настава на втората смена во неколку училишта во Штип.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека поради тоа што има проблеми со снабдувањето на струјата во градот учениците и наставниците се ослободени од настава, бидејќи нема услови истата да се одржува. Јорданов вели дека станува збор за дефект на трафостаницата кај приградските населба Чардаклија.

На телефонскиот број на ЕВН информираат дека без напојување на електрична енергија е Штип и околните села, а екипите работат на терен.

Инаку, граѓаните реагираат на социјалните мрежа и велат дека во одредени реони во своите домови на неколку минути добиваат, па повторно имаат прекин на струјата. Ваквата состојба, како што велат, речиси е цел ден, воедно реагираат дека со ваквите прекини има ризик и да се расипат електричните апарати во домовите.

Можете да прочитате

Забрана за користење вода во Струга

Мицкоски постави нови луѓе во партиските комисии: Тошковски, Ташаминов, Клековски и Махмут со нови функции

Mинистерот за правда Филков реагираше на изјавата на вицепремиерот Сали за барањето на студентите за полагање на правосуден испит на албански јазик