Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Штанцањето милиони за патни трошоци на пратениците мора да запре, велат од Левицата

Sobranie.webp.webp
Img 7972

Неразумното расфрлање со народни пари од пратениците во име на патни трошоци продолжува, велат од Левица.

Истакнуваат дека за удобно патување на претставниците во законодавниот дом од народни пари е платено 300.000 евра за изминатата 2024 година, односно околу 280.000 евра е потрошено за претходната 2023 година.


„Затоа нашите пратеници во понеделник до Собранието ќе поднесат Закон за патни трошоци со кој драстично ќе се намали расфрлањето со народни пари од страна на пратениците. За време на мандатот на претходниот собраниски состав, пратениците инкасирале над еден милион евра.

Покрај злоупотребата на патните трошоци, (гориво, патарини, амортизација), добар дел од пратениците наплаќале кирии во висина од 400 евра месечно. Дел од нив наплаќале за кирии и покрај тоа што поседуваат станови во главниот град. Арач кој е дополнително наплатен врз грбот на граѓаните. „Битката“ за најмногу потрошени народни пари по овој основ ја водат пратениците на ДПМНЕ, кои се во блага предност пред пратениците на СДС, а за овој мандат во „битката“ им се приклучија и пратениците од ЗНАМ“, истакнуваат во соопштението.

Левица, како што додаваат од партијата е пет години парламентарна партија, но за патни трошоци нема наплатено ниту денар.

Можете да прочитате

Николоски: По локалните избори ќе нема предвремени парламентарни, туку расчистување во судството и обвинителството

Избран нов претседател на УСС УКИМ за мандат 2025/2026

Коалиција „Менуваме“: Слепите лица не треба да бидат занемарени, бараме пристап до бел стап, пристапна инфраструктура и квалификувани обучувачи