Утрински Весник
Свет

Штајнмаер и Шолц: Напаѓачот во Солинген мора брзо да биде уапсен и казнет

Solingen Germanija Napad So Noz Na Festival.jpg

 Претседателот и канцеларот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер и Олаф Шолц денеска изјавија дека напаѓачот кој уби три лица и рани осум во Солинген, на западот на земјата, мора наскоро да биде уапсен и најостро казнет.

Во телефонски разговор со градоначалникот на Солинген, Тим Курцбах, Штајнмаер изразил сочувство за жртвите од нападот и изразил надеж за брзо закрепнување на повредените, соопшти кабинетот на претседателот.

Шолц на платформата „Икс“ напиша дека е шокиран поради нападот во Солинген, наведувајќи дека станува збор за ужасен чин. 

Можете да прочитате

Девет загинати во пад на приватен авион во Флорида

Полицијата со палки ги растера демонстрантите од плоштадот Росио во Лисабон

Германската полиција ги чува ограбените продавници во Франкфурт