Утрински Весник
Свет

Шпанската крајбрежна стража спаси 124 мигранти во близина на Канарските острови

F25160d4 4f00 43a9 Ad55 Fec264c5c0cb W1200 R1.jpg

Шпанската крајбрежна стража денеска спаси 124 мигранти, меѓу кои и деца и лице во инвалидска количка, од два дрвени чамци кај Канарските острови.

Еден брод со 66 луѓе се наоѓал на 20 километри јужно од Лас Палмас де Гран Канарија, соопшти шпанскиот Црвен крст. Во близина е пронајден уште еден, со 58 лица, меѓу кои и две жени.

Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на ЕУ Фронтекс наведува дека рутата на Атлантскиот Океан до Канарските Острови во моментов е најпрометната за нерегуларна миграција од Западна Африка кон Европската унија.

Бројот на луѓе кои тргнале на опасното патување меѓу 1 јануари и 15 март достигна 12.393, во споредба со 2.178 во истиот период минатата година, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи овој месец.

Канарските острови се наоѓаат на околу 160 километри од најблиската точка во Западна Африка.

Можете да прочитате

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна

Русија ги брише талибанците од листата на терористи