Утрински Весник
Магазин

Шпанија со рекордни 96,8 милиони туристи во 2025 година

20260204085147 big 730x400 89.webp.webp

Според Националниот институт за статистика, Шпанија во 2025 година забележала рекорден број туристи – ја посетиле 96,8 милиони луѓе. Тоа е зголемување од 3,2 отсто во однос на 2024 година кога биле регистрирани 94 милиони странски посетители.

Туризмот придонесува со 12,6 отсто во домашниот бруто-производ, што ја вбројува земјата меѓу водечките туристички дестинации во светот. Според Светскиот туристички барометар на Обединетите нации, државата е трета во светот по приходи од туризам, зад Обединетото Кралство и Франција.

„Приходите од странските туристи во 2025 година пораснале за 6,8 отсто и достигнале 134,7 милијарди евра во споредба со лани – 126 милијарди евра“, соопшти Министерството за туризам.

Во соопштението се наведува дека растот на туризмот е дел од стратегијата за премин кон поодржлив туристички модел, со акцент на квалитетот, а не на масовноста. Најмногу туристи пристигнале во Каталонија – околу 20,1 милиони, што е мал раст од 0,6 отсто. По неа следуваат медитеранските региони и Канарските Острови. Најмногубројни се посетителите од Обединетото Кралство, Франција и Германија. Ова е трета рекордна година за шпанскиот туризам од 2019 година пред пандемијата на ковид-19. Сепак, повторното заживување на туризмот создаде притисок врз пазарот за домување, особено во градските центри, каде што порастот на краткорочните изнајмувања доведе до зголемување на цените и незадоволство кај локалното население.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои имаат среќа со финансиите, ретко остануваат без пари

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир