Утрински Весник
Свет

Шпанија го прекина прогонот на Каталонците кои организираа референдум за независност

Thumbs B C 45dec4d84ba8f370fc2d3d62157599f5.jpg

ШпанскиотТ парламент го усвои законот за амнестија со 177 гласа „за“ и 172 „против“ за запирање на гонењето на Каталонците кои организираа забранет референдум за независност во 2017 година.

Шпанската левичарска влада предводена од премиерот Педро Санчез пред шест месеци објави закон со кој може да бидат опфатени околу 370 Каталонци, но тој беше оспорен законски и во парламентот од десницата, поради што дури сега дојде до конечно гласање.

Санчез претходно изјави дека законот ќе доведе до помирување и соживот во автономната покраина со 7,5 милиони жители. Десничарските партии во неделата организираа протест во Мадрид, каде според нивната проценка се собраа 80.000 демонстранти, а според владата на Санчез 20.000. Десничарската Народна партија и десничарскиот Вокс го обвинија Санчез за „предавство“.

„Денес е историски ден. Добиена е битка во вековниот конфликт меѓу каталонската и шпанската нација“, рече застапничката за независност на Каталонија, Миријам Ногуерас, за време на парламентарната дебата.

Партиите кои се залагаа за независност на Каталонија, еден од најбогатите делови на Шпанија, не успеаја на регионалните избори одржани пред две недели. Таму социјалистите на Санчез добија најмногу гласови, но не доволно за сами да формираат влада. Во моментов се водат дискусии за формирање влада.

Во изминатите 14 години, Каталонија имаше влада која се залагаше за отцепување од Шпанија. Поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон, кој е во егзил во Белгија, прогласи независна република Каталонија во 2017 година. Меѓутоа, таа декларација не беше спроведена.

Малцинската влада на Санчез во Шпанија зависи во парламентот од поддршката на партиите кои се за независност, вклучително и партијата „Заедно за Каталонија“ на која припаѓаат Пуџдемон и Ногуерас.

Можете да прочитате

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж

ЕЕБ: Со правилни одлуки во Европа може да има и доволно храна и енергија и обновена природа