Шпанската фудбалска федерација ги објави стадионите кои ќе бидат домаќини на натпреварите на Светското првенство во 2030 година, на кое кодомаќини ќе бидат Мароко и Португалија.
Тоа ќе бидат стадионите на Реал Сосиедад, Барселона, Лас Палмас, Севиља, Малага, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Депортиво Ла Коруња, Атлетик Билбао и Сарагоса, објави организацијата.
Стадионот на Валенсија, кој е петти по големина во земјата и има капацитет од речиси 50.000 седишта, не е вклучен.
Мароко ќе биде само втората африканска земја домаќин на Светско првенство. Оваа чест досега ја имаше само Јужноафриканската Република. Надлежните најавија дека ќе изградат целосно нов и модерен стадион и ќе реновираат уште шест објекти.