Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Шпанците со закон ќе спречуваат да им се случи нов Пике-скандал

Шпанците со закон ќе спречуваат да им се случи нов Пике-скандал
300x250 opst2

Бизнис-одлуките на Жерард Пике ќе предизвикаат воведување нови правила во шпанскиот фудбал по контроверзиите по кои Шпанскиот суперкуп се играше во Саудиска Арабија.

dobivaj vesti na viber

Во април 35-годишниот дефанзивец на Барселона беше под лупата на јавноста по обвинувањето дека добил милионска исплата за селење на Суперкупот на Блискиот Исток. Неговата компанија „Космос“ била посредник на договорот помеѓу Саудијците и Луис Рубијалес, контроверзниот претседател на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ). Во разговорот што го објави весникот „Ел конфиденсијал“ се тврди дека компанијата на Пике заработила 24 милиони евра за договорањето на шестгодишниот договор, а бидејќи нема трансфер на пари помеѓу Рубијалес и Пике, кој бил платен од Саудиска Арабија, договорот бил легален.

Според „Ас“, во новиот спортски закон, кој е во изработка во Шпанија, ќе се забрани активните фудбалери да имаат комерцијални врски со натпреварувања во кои би можеле да настапуваат. Пике, секако, нема да биде обвинет за ништо бидејќи работел според постојните правила и тој јасно кажува дека не се чувствува виновен.

„Секоја активност беше легална и немаше никаков конфликт на интерес. Горд сум на мојата работа со ‘Космос’, сакавме да го смениме форматот на натпреварувањето и тој да биде поинтересен за гледачите. Саудиска Арабија не беше единствената опција, имаше понуди и од Катар и од САД и тоа беше одлука на Федерацијата. Провизијата? Во бизнис-светот тоа е нормално, од 10 до 15 отсто“, вели Пике.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица