Утрински Весник
Спорт

Шпанците први полуфиналисти на Евробаскетот: „Фуријата“ ја оддува Финска

Шпанците први полуфиналисти на Евробаскетот: „Фуријата“ ја оддува Финска

Кошаркарската репрезентација на Шпанија е прв полуфиналист на Европското првенство кога во Берлин ја совлада Финска со 100:90. Селекцијата на Серџо Скариоло вклучи во петта брзина во последните две четвртини и направи голем пресврт кога Финците подобро го почнаа натпреварот.

dobivaj vesti na viber

Финска го доби првиот период со 30:19, во тие мигови имаа фантастичен шут и сѐ им поаѓаше од рака. Шпанија намали на едноцифрена негатива (43:52) на одморот, а потоа тргна „фуријата“ на Скариоло.

Шпанците ја добија третата четвртина со 30:15 и комплетно ја анулираа негативата минувајќи и во водство. Продолжија со сигурна игра и во последниот период и заслужено се пласираа во полуфиналето.

Најефикасен во селекцијата на Шпанија беше Вили Хернангомез со 27 поени. Кај Финците очекувано Лаури Марканен постигна 28 поени.

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство