Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Шопова од Коалицијата за зелена иднина: Карпош повеќе не смее да биде каталог на инвестиции

Lubicza shopova 2.jpg
300x250 opst2

Кандидатката за советничка во Советот на општина Карпош од Коалицијата за зелена иднина, Љубица Шопова, во видео-обраќање го пренесува гласот на младите, уметниците и алтернативната културна сцена, нагласувајќи дека културата мора да се врати во јавниот простор на општината.

„Коалицијата за зелена иднина го носи гласот на младите, уметниците и алтернативната културна сцена што преживува по подруми, меѓу гаражи и на привремени сцени,” вели Шопова, додавајќи дека општина без јавен простор за култура е општина со тивко срце.


„Кога плочникот, дворот, напуштената хала или малиот парк стануваат сцена, се буди заедништвото — се буди Карпош”, порачува Шопова.

Шопова нагласува дека јавниот простор припаѓа на сите граѓани и граѓанки.

„Јавниот простор е право на сите карпошани и карпошанки, а не милост. Му припаѓа на сите на бендовите, на сликарите, на поетите,” нагласува Шопова.

Таа остро реагира и на последиците од неконтролираната урбанизација.

„Денес, зеленилото ни е узурпирано од бизнис-интереси, бруталната урбанизација го стеснува здивот и го задушува културниот импулс”, вели Шопова и додава дека Карпош повеќе не смее да биде каталог на инвестиции, туку отворена мапа на јавни места каде талентот и различноста се видливи.

„Карпош како заеднички дом што создава, а не само што троши; што вклучува, а не исклучува,” порачува кандидатката за советничка во Советот на Општина Карпош од Коалицијата за зелена иднина, Љубица Шопова.

Можете да прочитате

Коалиција за зелена иднина: Скопје треба да биде достоинствен град за живеење, а не за преживување

Каја Шукова и кандидатите за советници ја презентираа програмата пред жителите на Скопје

Митовски: Стајковци ќе го добие заслужениот сјај, уредување на каналот, реконструкција на улиците и  плоштадот