Утрински Весник
Свет

Шолц: Германија е добро подготвена за енергетската криза

Шолц: Германија е добро подготвена за енергетската криза
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека земјата е добро подготвена за енергетската криза што се очекува оваа зима и дека граѓаните немаат причина за загриженост.

dobivaj vesti na viber

„Ќе поминеме преку тоа. Живееме во сериозни времиња“, рече Шолц во видео порака емитувана денеска.

Тој додаде дека кризата не ја чувствуваат само граѓаните во Украина, туку и оние во Европа и многумина во светот, пренесува „Билд“.

Сепак, Германија е добро подготвена за фактот дека Русија во голема мера ќе го запре протокот на гас поради војната, рече Шолц, посочувајќи на складиштата за гас, напорите за увоз на течен гас и можноста за користење фосилна енергија, а во случај на потреба, нуклеарна енергија.

Покрај тоа, федералната влада планира пакет помош за граѓаните, рече Шолц, додавајќи дека никој нема да биде оставен сам да се грижи.

Можете да прочитате

Новите приоритети на САД: Европа група на суверени нации, стратешка стабилност со Русија, крај на перцепцијата за НАТО како алијанса која постојано се шири

Трамп ја суспендира лотаријата за зелена карта

Грушко: Русија нема да прави компромиси околу НАТО во Украина